Малолетници нападнати од врсници во училишни дворови во Тетовско

Четириесет и петгодишниот тетовец А. Р., вчера (4 мај), во 13:20 часот, во СВР Тетово пријавил дека околу пладне неговиот малолетен син физички бил нападнат во дворот на тетовско основно училиште во кое учел, од друг ученик од истото училиште, а поради поранешни недоразбирања меѓу нивните семејства.

Истовремено, 53-годишната С. Р. од Тетово пријавила дека нејзиниот син бил физички нападнат од двајца малолетници – ученици во училиштето.

Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.