„Мама ШЧ“ во проблеми! Хрватите покренаа петиција за укинување на групата Let 3 поради песната за Евровизија: Ја нарекоа „глупава песна“! (ВИДЕО)

Хрватска избра на Евровизија во Ливерпул да ја претставува групата „Let 3“ со песната „Мама ШЧ“, а сега е покрената петиција за нивно откажување.

Како што објасни креаторот на петицијата, тој ја започнал иницијативата затоа што не сака Хрватска да ја претставува „Лет 3“ со „откачен настап“.

На петицијата досега се потпишале околу 450 луѓе, а дел од нив во коментар ги напишале причините зошто не сакаат Let 3 да оди на Евровизија, пишува Index.hr.

„Промовираат сатанизам“, „Не сме ние идиоти како што нè претставуваат овие луѓе“, „Искрено, не ја ни слушав песната затоа што не ја следам Дора, но кога ќе видам како изгледаат, тоа ми е доволно, ,,Не сакам мојата земја да ја претставуваат мажи кои се облекуваат како жени“, пишува во петицијата, која е проследена со следните коментари:

„Потпишувам затоа што не сакам мојата татковина да биде претставена со перверзии и пореметена трансродова идеологија и хомосексуалци“, „Настапот на групата Let 3 го сметам за откачен, особено за очите на малолетниците“, „Ова е песна со дијагноза, исто така и изведувачите се со дијагноза, само што уште не се прегледани“, се само дел од коментарите.

Хрватска минатата недела избра да биде претставена од групата „Let 3“ со песната „Mама ШЧ“ на музичкиот натпревар „Евровизија“ што се одржува во Ливерпул, а самиот настап предизвикаа бурни реакции низ регионот. На социјалните на мрежите дури бараа дисквалификација на бендот од Евровизија.