Прво АТП четвртфинале за Надал по Вимблдон 2022

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со денешниот триумф над Австралијанецот Џејсон Кублер (6-1, 6-2) во Бризбејн, по 221 пат во кариерата се пласираше во четвртфинале на АТП турнир.

За Шпанецот ова, воедно, е прво АТП четвртфинале по Вимблдон 2022, бидејќи поради повреда на колкот ја пропушти целата измината сезона и го загуби пласманот на АТП листата.

„Ова е многу важна победа за мене. Знаме дека сè уште не сум на нивото кое од мене се очекува, но на добар пат сум“, изјави Надал по триумфот над Кублер.

Противник на Надал во дуелот за пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Бризбејн ќе му биде домашниот тенисер Џордан Томсон.