Кој град е најскап, а кој најевтин за живот?

Минхен е најскапиот град за живеење во Германија, односно 25 отсто поскап од националниот просек.

Студијата која ја објави Германскиот економски институт (IW) и Федералниот институт за градежништво, урбани и просторни истражувања открива дека Минхен е најскапиот град за живеење во државата.

Поради трошоците за домување, Минхен е за 38 отсто поскап од најевтиниот кварт во Германија, покажува една студија. Потоа следат Франкфурт на Мајна (15,9 отсто) и Штутгарт (14,8 отсто).

Најевтини места за живеење се Фогтландкрајс и Грајц, кои се 9,5 отсто под националниот просек. Понатаму следат Горлиц (9,4 отсто), како и Пирмазенс и Залцландкрајс со 9,3 отсто

Меѓутоа, ако се исклучат трошоците за домување, Штутгарт излегува на врвот – со 4,2 отсто над националниот просек. Истражувањето открилва најниски трошоци во округот Леер.