Мандарина- чувар на здравјето

Кога ќе настапат ладните денови лекарите советуваат да се консумираат продукти кои содржат големо количество витамин Ц, како што се портокалите, грејпфрутот и мандарините.

Кога станува збор за мандарините, малкумина знаат кои се предностите од нивната консумација освен што се богати со овој витамин.

Мандарините имаат многу малку калории. На пример, во 100 грама мандарини има само 34 калории и 30 мг витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалите, а со разградувањето на бета каротинот се добива витамин А, кој е важен за видот и кожата.

Мандарините во себе содржат фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Б1, Б2, Б3, односно влакна кои се неопходни за варењето на храната. Исто така, консумирањето на мандарини помага во борбата против целулитот.

Според истражувањата консумирањето на мандарините помага во борбата со болести како што се дијабетес, мозочен удар како и проблеми со срцето, всушност тие се вешти чувари на вашето здравjе.

Мандарините се познати по тоа што во себе содржат нобилетин, кој се наоѓа во нивната кора и кој е десет пати посилен од оној што се наоѓа во грејпфрутот, а помага во борбата со холестеролот како и повисоки триглицериди.