Манекенката која го освои светот во 80-тите години на минатиот век, на 62-годишна возрас се приклучи на познатата платформа за возрасни: “Не познавам модел кој не е фотографиран гол!“
Супермоделот од осумдесеттите години на минатиот век, Керол Алт, се приклучи на популарната платформа за возрасни – OnlyFans – на 62-годишна возраст и за магазинот Page Six раскажува дека за првпат во нејзината кариера има контрола врз сопствениот имиџ.
„Четириесет и четири години работа, а јас не поседувам ниту една фотографија од себе. Кога луѓето ме прашуваат дали имам една што би можеле да го искористат, морам да побарам дозвола од некого за тоа“, вели Керол Алт, кој ги красеше насловните страници на списанија за висока мода како Vogue и Harpers Bazaar.
Токму поради оваа причина, таа кога се приклучила на оваа платформа за возрасни, најмила свој фотограф.
„Можам да ја изберам фотографијата или не, да кажам дека сакам или не, тие се мои. Можам да се фотограгирам како што сакам. Тоа е иднината. Кога луѓето велат дека не е моја фотографија, јас не сакам тоа да ме дефинира. Сакам да ја дефинирам сопствената фотографија“, објаснува таа, а иако платформата OnlyFans стана позната по својата порнографија, Керол Алт вели дека тоа нема да биде она што таа ќе го прави – иако ќе има некои секси и голи фотографии.
„Имам некои голи фотографии, но направени со вкус. Има разлика помеѓу фотографии кои се невкусни и фотографии со вкус. Не познавам модел кој не е фотографиран гол“, истакнува Керол Алт за Page Six, која своевремено се појави и во Sports Illustrated и Playboy.
Манекенката и актерка дозна за платформата од нејзината пријателка Дениз Ричардс, нејзина колешка во новата серија „Paper Empire“. Керол Алт, која се смета себеси за претприемач, го гледа овој потег како моќ, особено за некој на нејзина возраст.
Исто така, таа нема да ги задржи сите пари од овој профит за себе, туку планира дел од нив да ги донира во добротворни цели за менталното здравје на жените.