Манчестер сити ја одби понудата на ПСЖ да ги вклучи Верати или Донарума во договорот на Силва

– Манчестер сити ја одби понудата на Пари Сен Жермен за играчот од средниот ред Бернардо Силва, објави „Footmercato“. 

Парижаните биле подготвени во зделката да го вклучат голманот Џанлуиџи Донарума или играчот од средниот ред Марко Верати, но таквите услови не му одговарале на Сити. 

Во сезоната 2022/23, Силва одигра 55 натпревари на кои постигна седум голови и осум асистенции.  

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 80 милиони евра.