Манчестер јунајтед подготвен да понуди 45 милиони фунти за Пикфорд

 Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, објави „Daily Star“.

Според британскиот медиум, раководството на тимот од „Олд Трафодр“ е подготвено да понуди 45 милиони фунти за 29-годишниот Англичанец.

Пикфорд минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата за Евертон, прими 60 гола и осум пати ја зачува мрежата „чиста“.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на 25 милиони евра.