Манчестер јунајтед планира трансфер во летниот преоден род за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен .
Како што објави „Газета дело спорт“ управата на премиерлигашот планира да понуди 110 милиони евра за Нигериецот. Доколку зделката се оствари, Осимен ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Манчестер јунајтед.
Во моментов најскапо купување на „црвените ѓаволи“ е Пол Погба за кого беа дадени 105 милиони евра.
Нигерискиот напаѓач игра за наполитанците од септември 2020 година. Неговиот актуелен договор со италијанскиот тим е до летото 2025 година.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер оваа сезона забележа 20 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и четири асистенции.
Вредноста на играчот според порталот Трансфермаркт се проценува на 70 милиони евра.