Екипата на Манчестер Јунајтед на денешниот натпревар со Евертон, во првото полувреме упати 21 удар кон голот на „карамелите“. Ова е рекорд во Англиското фудбалско првенство оваа сезона.
Гостите од Ливерпул имаа пет шута кон голот на Јунајтед.
Воедно, 21-от удар на Манчестер јунајтед во првото полувреме е клупски рекорд уште од од сезоната 2003/04.
Натпреварот заврши со победа на Манчестер јунајтед со 2:0. Во моментов, Јунајтед е трет на табелата во Премиер лигата со 56 бода од 29 средби, Евертон е на 16.место со 27 бода од 30 натпревари.