– Манчестер јунајтед повеќе нема да се обидува да го купи Хари Кејн.
Според „Гардијан“, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ се откажа од идејата да ангажираат напаѓач ова лето.
Главниот тренер Ерик тен Хаг е разочаран од ваквата одлука, бидејќи Кејн го сметаше за главна трансфер цел.
Сепак, Холанѓанецот разбира дека клубот не може да плати повеќе од одредена сума за играч чиј договор истекува за една година, а претседателот на Тотенхем Даниел Леви е заинтересиран да го задржи Кејн и да се обиде да преговара за нов договор со него и затоа не прави отстапки.
На Манчестер јунајтед му останува надежта бесплатно да го ангажира англискиот напаѓач во летото 2024 година.