Марадона ,,воскресна” во Неапол: Погледнете го прекрасниот гол на фудбалерот на Реал во стилот на големиот Аргентинец (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи и Реал приредија вистински спектакл во 2.коло од групата Ц од Лигата на шампионите.

Веќе во првото полувреме видовме три гола.

Ба стадионот „Диего Армандо Марадона“ домашните поведоа со голот на Остигард, а гостинот направи пресврт со головите на Винисиус во 27. минута и Белингем во 34. минута.

Посебно убав беше голот на Јанг Белингем. Во стилот на Марадона ја прими топката крај центарот, а потоа тргна во слалом. ,,Кутна” неколку играчи на Наполи и постигна прекрасен гол.