42 години работел во иста фирма а срамно го испратиле во пензија: Му се оддолжија со беден подарок, колегите се запрепастени (ВИДЕО)

Една компанија во Австралија е на удар на критики поради начинот на кој го испратиле во пенџија човекот кој работел за нив со децении.

Џон работел во фабриката, која не е именувана, дури 42 години, а му била исплаќана минимална плата. Секој ден на работа патувал по 40 минути, пишува Unilad.

Многумина сметаат дека работодавачот требало да му се оддолжи на работникот на посебен начин, поради неговата лојалност и посветеност.

Корисниците на социјалните мрежи предложија бонуси за пензионирање или патување со сите трошоци. Сепак, колегите на Џон се згрозени од „наградата“ што ја добил за сите години работа.

Нему му беше врачена благодарница, а во компанијата направија и скара.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, кое во меѓувреме е избришано, стои следново: „Денес е последниот работен ден на мојот колега. 42 години работеше во оваа фирма, за минимална плата. Компанијата само направи скара и му даде благодарница. Секој ден се возеше со автобус и воз за да стигне до овде, тој има повеќе од 70 години. Толку многу сака да работи овде што не сакаше да се пензионира. Нема ниту жена ниту деца, но има внук кој многу го сака. Би било убаво да направите нешто за да му дадете до знаење дека е посебен и сакан. Без бонуси, само скара и благодарница. Ти благодарам, Џон, за твојата лојалност“.

Објавата предизвика бес на интернет и многумина собираат средства за да му помогнат да го олеснат неговото пензионирање.

,,Среќно пензионирање Џон! Твојата напорна работа и посветеност се инспирација за сите нас“, гласи еден коментар.