Први снимки од хоророт во Венеција: Автобусот гори по пад од надвозник, луѓето беспомошно врескаат, меѓу 20-те загинати има и деца (ФОТО/ВИДЕО)

Повеќе од 20 луѓе загинаа кога автобусот излетал од надвозник и слетал на железничка линија во близина на Венеција.

Околу 20.00 часот автобусот паднал од надвозникот Либерта висок 10 метри, по што се запалил.

Локалните медиуми јавуваат дека меѓу загинатите има и деца кои загинале во пожарот.

Италијанските медиуми јавуваат дека автобусот на удолницата ја пробил заштитната ограда и завршил меѓу магацинот и шините на железничката станица Мештре.

Повеќе од 40 амбулантни возила се на терен во населбата Мештре, која е блиску до Венеција.

Италијанскиот премиер Џорџо Мелоне изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро изјави дека сцените на местото на несреќата се апокалиптични.

Засега не се познати причините за несреќата.