Маричиќ во посета на „Бучен Козјак“: Со пристапувањето во ЕУ, средствата за нашите компании дополнително ќе се зголемат

– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше во посета на компанијата „Бучен Козјак“.

-Нивната инвестиција и користењето на владините антикризни мерки претставуваат корисно и ефикасно решение за компанијата, што значи поддршка, сигурност и за работниците и за работодавците, истакнал Маричиќ, соопшти СЕП.

„Бучен Козјак“ е компанија која користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, и која аплицирала за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што одговора на предизвиците со оглед на важноста на наметнати од економската и енергетската криза, стои во соопштението.

На средбата со менаџментот на компанијата, Маричиќ истакнал дека максималното користење на можностите за развој на производството е рационална стратегија. „Бучен Козјак“ е компанија која домаќински и успешно го гради својот бизнис, а за нас е најважно дека тие ги користеле можностите што претставуваат придобивка за сите граѓани.

-Европските пари кои оваа компанија ги користела преку ИПАРД програмата, преку Европска банка за обнова и развој, и од Агенцијата за промоција за инвестиции и промоција на извозот се директна помош за развој и напредок на нашето стопанство. Со пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, средствата за нашите компании дополнително ќе се зголемат, што во крајна линија ќе придонесе кон забрзан раст на домашната економија и подобрување на финансиската состојба на нашите граѓани, рекол Маричиќ при посетата на „Бучен Козјак“.