Маричиќ најавува нова пратка од 300.000 формулари за пасоши

Вицепремиерот Бојан Маричиќ тврди дека во јуни се очекува да пристигнат 300.000 нови обрасци за издавање пасоши со новото уставно име на државата. Како што вели, до септември ќе бидат издадени околу 1.900.000 патни исправи.

„Мораме да гледаме од гледна точка на граѓаните. Законот само носи дополнителна правна несигурност и проблеми што може да ги имаат граѓаните на граница. Додека немаме официјално соопштение од ниту една земја членка на ЕУ. Најсигурен начин за враќање во државата е со пасош, така што никој нема да им прави проблеми на граѓаните“, рече Маричиќ.

Според неговите статистички податоци, до сега во земјава се издадени околу 1.350.000 пасоши, додава дека овој месец заклучно со оваа недела се добиени близу 300.000 нови обрасци.

„Овие обрасци даваат поттик за печатење на пасоши до јуни. Тоа значи дека на уште 300 илјади ќе се додадат 1.350.000. Во јуни ќе пристигне нова рунда од околу 300.000 формулари, а практично до септември ќе бидат издадени околу 1.900.000 пасоши“, вели вицепремиерот Маричиќ.

Тој додава дека ова е и реалниот вкупен број на граѓани, бидејќи како што вели, не секој издава пасош и не е заинтересиран да има патна исправа.