– Дали ќе влеземе во категорија на држави што ќе влезат во ЕУ при наредното отворање на вратата или ќе останеме во категорија на проблематични држави кои којзнае кога ќе влезат, ако влезат некогаш, тоа е наша автентична домашна одлука, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во „Вин-Вин“ на Телма.
-Првпат картата за блокирање не е ниту во Грција, ниту во Софија, ниту во Атина, ниту во Париз, ниту во Хаг, ниту во Брисел. Првпат е во Скопје и наша е одговорноста на сите партиии, а најмногу на ВМРО – ДПМНЕ бидејќи во моментот се против како ќе одлучиме и дали ќе одлучиме. Тоа не значи дека ние треба се на Бугарија да и аминуваме и да прифаќаме. Не, ние треба да се грижиме за нашите интереси, за нашето достоинство и покажавме на 4 февруари дека тоа знаеме да го направиме, нагласи Маричиќ.
Порача дека сме во ситуација кога првпат картата за блокада, како што рече, е во наши раце. Наведе дека оваа година е последна од мандатот на оваа Европска комисија. Во мај следната година има европски избори за Европски парламент, после тоа, појаснуваше вицепремиерот Маричиќ, шест месеци трае воспоставуањето на новите европски институциии за наредните пет години. Исто така, се осврна на тоа дека и во САД има на крајот на наредната година избори, но и кај нас.
-Ние можеме да одлучиме дека ќе го фатиме возот заедно со Албанија и ќе влеземе во групата на четири држави, бидејќи сега имам прилика да читам многу анализи и достапни и не достапни на јавноста, сега се прави таа класификација на четири плус два. Четири држави кои преговараат со ЕУ: Србија, Црна Гора, Алабнија и Северна Макеоднија и две кои се сметаат за тешки случаи кои ќе почекаат, а тоа се Косово и Босна и Херцеговина, рече Маричиќ.
Вицепремиерот за европски прашања потенцираше дека наша задача е, како што нагласи, да се спаси европската иднина на државата, да се обезбеди подобро денес во тешки услови на криза и да се обезбеди да не пропадне европската иднина на државата.
-И за нас е мачно и не е воопшто едноставно да влегуваме во овие предлози француски, во овие патокази кои ќе не стават на шини од кои многу тешко се излегува, тоа се шини кои ќе ви ги извадат сите слабости на површина во државата и во општеството. Наместо тоа, ние се уште се занимаваме со прашањата дали сме за ЕУ или не суштински. Според мене тоа е вистинското прашање, оцени меѓу другото Маричиќ.