Маричиќ: Промената на преговарачката рамка значи дека Македонија ќе се врати 10 години назад

Заменик Премиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека менувањето на рамката на преговорите на Македонија со ЕУ значи се да се почне од почеток.

„Тоа значи дека Владата ќе дојде и ќе каже дека не се согласуваме со оваа преговарачка рамка и тоа значи да се почне од почеток и сите прашања што се веќе решени повторно да се отворат.

Никој не го спори македонскиот јазик, ЕУ вработува преведувачи, ве уверувам дека ако пак отвориме ќе имаме проблеми. Дали сме подготвени да преговараме за македонскиот јазик, дали Мицкоски е подготвен да преговара за македонскиот јазик, дали нешто му ветиле на Борисов, дали сега во Букурешт направиле отстапки, не знам. Но, промената на преговарачката рамка значи дека Македонија ќе се врати 10 години назад“, изјави Маричиќ во „Клик плус“.

Маричиќ рече и дека Владата добила критики за употребата на европското знаме од страна на Собранието.