Снимањето на ,,Ѕвездите на Гранд” продолжи, а денес, 25 март, се снима втората епизода од смртта на основачот на проектот, Саша Поповиќ.
Марија Шерифовиќ вчера на првиот ден не беше расположена за изјави, а денеска кратко ја коментираше целата ситуација.
Емисијата денеска повторно се снима, а се чини дека Марија беше порасположена, па накратко откри:
-Претежно секогаш сум исто расположена, само што изразот ми е различен. Вчера на сетот сè тргна добро“, рече Шерифовиќ.