Приватниот живот на Марија Шерифовиќ отсекогаш ја заинтригирал јавноста. Многумина се интересираа дали пејачката планира да ја исполни улогата на мајка.
Српските медиуми пишуваат дека Марија Шерифовиќ е бремена. Извор близок до музичката ѕвезда им открил дека само мал круг луѓе знаат за оваа информација.
– Марија е бремена и конечно и’ се остварија желбите за потомството. Засега планирала оваа информација да ја чува во кругот на блиски луѓе – изјавил извор за српските медиуми.
Од нејзиниот тим ги демантираа овие наоди:
– Ова не е вистина. Бременоста не е нешто што може да се сокрие. Изворот ве излажал – изјавија од тимот на Марија Шерифовиќ.
Потсетуваме, Марија на концертот на Нина Бадриќ на Денот на вљубените изјави дека има голема желба да стане мајка.
– Наследникот на Шерифовиќ се чекаше долго време. Бебето ќе биде кога виша сила, космосот, Бог ќе го испланира – изјави тогаш Марија за медиумите.