Марија (16) починала откако телефонот ѝ паднал во када: Зборувала со пријател на мобилен, а ова предизвикало краток спој!
Шеснаесетгодишната Марија Антониета Кутиљо починала во Италија откако телефонот и’ паднал во када додека разговарала со пријателка.
Девојката зборувала на телефон кога и’ паднал во вода додека се капела, а во тој момент телефонот се полнел. Несреќата се случила во домот на нејзините родители во Монтефалјоне, Авелино.
Според локалните медиуми, нејзините родители не биле присутни во куќата кога тинејџерката починала.
Во меѓувреме пријателката на Марија се јавила во полиција бидејќи се загрижила кога повикот бил прекинат. По пристигнувањето, тие откриле дека таа починала откако уредот добил краток. Нејзиното тело е пренесено во мртовечницата во Авелин на обдукција, пишува Дејли мејл.
Слична несреќа се случи и во 2020 година во Франција, кога ученичка почина во бањата, откако телефонот кој се полнел и паднал најпрвин на градите а потоа се лизнал во вода.
И една година претходно, 13-годишно девојче во Амстердам доживеа струен удар кога нејзиниот телефон паднал во када додека се полнел. Мајката на тинејџерката ја извлекла од кадата откако истрчала во бањата кога слушнала врисоци. Болничарите успеале да ја разбудат онесвестената девојка, пред веднаш да ја однесат во болница, каде што починала два дена.
Во овој случај, девојката не умрела, туку поради инцидентот останала со амнезија и не можела да се сети на моментот кога телефонот го испуштила во када. Експертите апелираат дека доколку електричните апарати за домаќинство се користат во бањите, корисниците мора да бидат свесни за безбедносните опасности…
„Сепак, електричните уреди или кабли никогаш не треба да се приклучуваат во близина на вода и никогаш не треба да доаѓаат во контакт со влажна средина“.