Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид се уште не е позната.
Лука Модриќ и на 37 години се уште игра врвен фудбал, а договорот со Реал Мадрид му истекува на крајот од оваа сезона.
Модриќ е во Мадрид веќе 11 години, каде што стана легенда на клубот, освои пет Лига на шампиони и три пати беше шпански шампион.
И покрај тоа што е огромна ѕвезда и голем авторитет, Мдориќ не знае што ќе се случи на крајот од сезоната. Како што дознава Marca, продолжувањето на договорот на Модрќ за уште една сезона зависи од двајца играчи, и тоа Крос и Белингем.
Челниците на Реал Мадрид се убедени дека Модриќ, Крос и Белингем се неспоиви на теренот, па доколку дојде Белингем и Крос потпише нов договор, тогаш Модриќ отпаѓа како најстар од тројцата истакнати играчи.
Се чека одлуката на Крос
Славниот германски фудбалер денеска има 33 години и неодамна објави дека ќе се повлече од фудбалот на крајот од сезоната, но Реал Мадрид се уште го повикува да потпише нов договор, наводно Крос е поблиску до пензија отколку да продолжи да игра во Дресот на мадридските гиганти.
Лука Модриќ одигра 465 натпревари во Реал Мадрид, постигна 36 гола и додаде 74 асистенции во својата статистика.
Минатата сезона чекаше речиси до крајот на договорот за да потпише нов, но по освојувањето на Лигата на шампионите беше јасно дека ќе добие продолжување.