Марко Бислимоски: “Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами“

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица, порача претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Марко Бислимоски

Нагласи дека доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење.

Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат“, кажа Марко Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму.

Марко Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН.