МАСАКАР ВО БАЛТИМОР – Ново масовно пукање во Америка! Неколку загинати, десетици повредени, сведоци: Слушнавме и до 30 истрели

Полицијата однела десет лица во болници, а уште 19 сами се возеле

Масовно пукање се случи во текот на ноќта во јужен Балтимор, а полицијата е на терен, објави Си-Ен-Ен во неделата, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Балтимор.

Првите извештаи покажуваат дека две лица загинале, а 28 лица се повредени, јавува Си-Ен-Ен. Десет лица биле пренесени во болници од страна на полицијата, а уште 19 се возеле сами, јавува Фокс 45, додавајќи дека сведок рекол дека слушнале 20 до 30 истрели. Си-Ен-Ен, пак, наведува дека 9 лица се пренесени во локалните болници, а тројца од повредените се во критична состојба.

Полициската управа во Балтимор не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.