Плаќавме кирија а потоа дознав дека станот е негов! Младата Хрватка живеела со своето момче, а подоцна…

Објавата на една млада дама од Хрватска предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Објавата некои корисници ги насмеа, некои се налутија, а некои не гледаат никаков проблем во тоа…

– На почетокот беше одлично. Со него се преселив во Далмација. Заедно ја плаќаввме киријата. Подоцна дознав дека станот е негов – објави госпоѓата на ТикТок.

девојка, вознемиреност, тага

– Веднаш би го оставил тој тип. Човекот заработувал од тебе, каде е љубовта – коментира еден корисник на социјалните мрежи.

Само на Твитер, дел од објавата беше прегледан речиси 100.000 пати.

– Момчето е шалабајзер. Таков не ти треба – стои во еден коментар.

– Ова многу ме насмеа. Како живееш со некого, а немаш поим за такви работи? – прашаа некои.

– Па станот е негов, не твој. Зошто треба да живееш таму бесплатно? – гласеа некои коментари.

– Да и’ кажеше однапред каква е ситуацијата, ќе беше поприфатливо. Вака не е фер – напишаа други…