Масакр во Газа: Тела на цивили лежат на сред автопат, брутално убиени додека бегаат од војната, меѓу жртвите има и деца (вознемирувачка содржина)

Морничави снимки од Газа покажуваат тела на најмалку седум лица на автопат јужно од опколениот град.

На видеото се гледаат и многу лични предмети расфрлани меѓу телата. Меѓу жртвите има најмалку едно дете додека на патот има крв.

Според неофицијални медиуми, цивилите биле убиени од оган на снајперисти на Хамас кои наводно сакале да ги спречат да избегаат од Газа како што побарала израелската армија.

Новинарот Амјад Таха рече дека жртвите што се гледаат на видеото се меѓу „десетиците цивили“ убиени од милитантите.

– Сакаат да ги користат како жив штит и ќе го убијат секој што ќе се обиде да си замине. Терористите на Хамас во Газа, како и обично, ќе го обвинат Израел бидејќи тоа е лесно и има медиуми кои прифаќаат таква пропаганда – напиша Таха.

Застрашувачката сцена ја снимил маж кој се вози со својот велосипед по улицата и може да се слушне како зборува, а потоа плаче на видеото. Во одреден момент зад него се гледа уште едно лице на велосипед.

– Боже мој, деца.. Боже и жени има мртви. Боже мој, девојчето… Те молам Боже, заштити го нашиот народ… Те молам погледни нè – се слуша како велосипедистот зборува на арапски.

Ројтерс ја потврди локацијата на снимката. Сцената е снимена на патот Ал Рашид кој минува меѓу градот и реката Вади Газа. Агенцијата, сепак, не може прецизно да го потврди точниот датум кога е снимено.

Снимката беше објавена на социјалните мрежи пред петок. Засега не е познат идентитетот на лицето кое го снимило видеото.

Израелската војска не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на видеото.

Израел им нареди на цивилите да го напуштат северниот дел на Појасот Газа и градот Газа и да се упатат кон југ. Сепак, голем број Палестинци, кои бегаат од северниот дел во последните денови, го обвинија Израел дека цели на цивили кои се обидуваат да се евакуираат.