Масакр во Минесота: Маж ги уби девојката, сопругата и двете деца, па се самоуби

Масакр во Минесота. Четириесет и шестгодишен маж ги уби поранешната девојка и поранешната сопруга и двата сина, по што се самоуби.

Полицијата верува дека Ентони Нефју ги убил својата поранешна девојка Ерин Абрамсон (47) и нивниот 15-годишен син Џејкоб Нефју, како и неговата поранешна сопруга Кетрин Нефју и нивниот единствен 7-годишен син – Оливер, а потоа извршил самоубиство.

Сите убиени имале прострелни рани.

Според полицијата на Дулут, полицајците пристигнале во првата куќа околу 14 часот во четвртокот, на 7 ноември, откако Ерин не се појавила на работа, а набрзо ја нашле поранешната сопруга на напаѓачот и нивниот син мртви во станот.

Според People, властите брзо го идентификувале Нефју како осомничен и го ставиле под „надзор“ неговиот дом, кој се наоѓа на околу милја и половина од првото место на злосторството.

Шефот на полицијата во Дулут, Мајк Сеинова, на прес-конференција во петокот, 8 ноември, рече дека полицијата употребила дрон за да влезе во домот, каде што ги пронашла телата — поранешната сопруга на Ентони, Кетрин Нефју (45) и нивниот 7-годишен син, Оливер Нефеј, кои имале прострелни рани.

Телото на Ентони било пронајдено во друга куќа, а се сомнева дека извршил самоубиство, информираат од полицијата.

Мотивот за пукањето се уште не е утврден.

Полицијата соопшти дека Ентони имал историја на проблеми со менталното здравје и дека полицијата била повикана во семејната куќа неколку пати во минатото. Исто така, се вели дека инспекторите сè уште ги анализираат податоците од мобилните телефони за да утврдат кога се случило пукањето.

Полицијата соопшти дека нема опасност за јавноста, а истрагата е во тек.