МАСАКР ВО УКРАИНА: Руски ракети убиле најмалку 19 високи офицери и војници! 

Руски ракети убиле неколку високи офицери на вооружените сили на Украина за време на церемонијата на доделување награди во 128-та планинска нападна бригада.

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ прецизира дека припадниците на 128-та нападна бригада на украинските сили се собрале утрото на 3 ноември на церемонија одржана на неколку десетици километри од линијата на фронтот.

Церемонијата се претвори во крвопролевање. Во рускиот ракетен напад загинаа најмалку 19 присутни воени лица, вклучително и неколку високи офицери и неколку врвни војници на бригадата, тврди Вашингтон пост.

Руски воени извори претходно изјавија дека се убиени „десетици“ украински офицери и војници.

Ракетниот напад се случи десет минути по почетокот на церемонијата, околу 10:00 часот.

Околу стотина украински воени лица присуствуваа на церемонијата на доделување награди, вклучително и оние кои не добија награда.