Маск: Воведете им забрана на Кинезите или ќе ги уништат повеќето автомобилски компании

Тесла ги намали цените неколку пати минатата година за да остане конкурентен на пазарот и таа тактика се исплатеше.

Во 2023 година, Tesla забележа раст од 40% во продажбата, односно имаше вкупно 1,8 милиони продадени единици, а вкупниот приход е за 19% поголем во споредба со претходната година, изјави извршниот директор Илон Маск.

Наведе дека приходите забавиле кон крајот на годината, но и дека во 2024 година се очекува значително послаб раст.

Како што изјави Маск, кинеските брендови претставуваат сериозен предизвик. Тој предупреди дека ако не се воведат ограничувања на пазарот, „кинеската конкуренција може да ги уништи повеќето автомобилски компании“, како што пренесува Си-Ен-Ен.

Во прилог на повикот на Маск за ограничувања на пазарот е и фактот што BYD ја престигна Тесла во однос на продажбата во четвртиот квартал, па не е ни чудо што милијардерот реагира на овој начин.

Дополнително, не само Тесла ги намалува цените за да остане конкурентен, тоа го прават и кинеските производители, па на европските брендови останува да видат како можат да останат релевантни во битката за клиентите.