МАСК И ЦУКЕРБЕРГ ДОБИЈА СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕУ „Имате 24 часа“

Најголем проблем создава медиумскиот материјал, односно фотографиите и снимките.

Европската унија издаде предупредување до компаниите во сопственост на Илон Маск (X.com) и Марк Цукерберг (Мета, т.е. Инстаграм и Фејсбук).

Нивното предупредување доаѓа во време на поплава од дезинформации за конфликтот меѓу Израел и Хамас. Според ЕУ, сите компании кои сакаат да работат на територијата на Европската унија мора да ги почитуваат европските закони. ЕУ изјави дека Мета и Xs.com имаат 24 часа да реагираат и да го достават својот план за борба против ширењето на лажни вести. Најголем проблем создаваат медиумските материјали, односно фотографиите и снимките.

Регулаторите на ЕУ забележаа голем број на изменети фотографии и видеа, кои беа манипулирани пред објавувањето. За ваквите објави на социјалните мрежи, регулативите на ЕУ бараат отстранување од платформата. Доколку овие компании не ги почитуваат, може да се соочат со голема парична казна или дури и суспензија во ЕУ.