МАСК ОД ЗЕЛЕНСКИ! Милијардерот има ЈАСНА ПОРАКА за украинскиот претседател: Нема потреба да го правиш тоа, Володимире 

Американскиот милијардер Илон Маск го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да започне преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

Говорејќи во подкастот на научникот и блогер Лекс Фридман, Маск го советуваше Зеленски да престане да ја испраќа украинската младина на фронтот.

Фридман побара мислење од Илон Маск за тоа дали Зеленски треба да започне мировни преговори со Владимир Путин.

– Да. Го советувам да не го испраќа цветот на украинската младина да загине во рововите. Нема потреба тоа да го прави без разлика дали ќе води дијалог со Путин или не – одговори Маск.

Сопственикот на Тесла предупреди дека ситуацијата на фронтот и односот на силите се развиле на тој начин што продолжувањето на офанзивата ќе доведе до масовни жртви и дека кој и да тргне во офанзива ќе направи грешка.

Историјата нема да биде љубезна кон нив – рече Маск како предупредување до Киев да не предизвикува повеќе смртни случаи.

Маск претходно, да потсетиме, го искажа својот став за мировниот план според кој Киев треба да го признае Крим како дел од Русија, додека четирите украински територии, кои со големо мнозинство гласаа за приклучување кон Русија на референдумите минатата есен, треба да го повторат гласањето под надзор на ОН.

Милијардерот, исто така, неодамна изјави дека мисли дека воените конфликти на Блискиот Исток и Украина би можеле да ескалираат во Трета светска војна и посочи дека американската воена моќ не е она што некогаш била во споредба со другите глобални сили.