– Шведското државно радио „Sveriges Radio“ (SR) соопшти дека ја напушта социјалната мрежа Твитер.
„Шведското радио повеќе нема да биде активно на Твитер“, изјави Кристијан Гилингер од медиумската куќа, додавајќи дека Твитер станал „помалку значаен“ за шведската јавност.
Додаде дека нивните профили ќе останат на социјалната мрежа, но ќе бидат означени како неактивни за да се спречи некој друг да отвори нов профил под тоа име.
Американските медиумски куќи „Ен-пи-ар“ и „Пи-би-ес НПР“ и канадскиот „Си-би-си“ минатата недела ги отстранија своите профили на Твитер откако таа компанија ја додаде ознаката „државно финансирани медиуми“ на нивните профили.
Гилингер нагласи дека „Radio Sveriges“ нема проблем со оваа ознака и дека токму и на тој начин се финансираат.