Маск ја подели јавноста во Америка и ги запраша граѓаните: Апсењето на Трамп е почеток на неговиот реизбор!
Трамп ги повика своите поддржувачи да протестираат доколку тоа навистина се случи.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп навистина биде уапсен во наредните денови , тоа ќе доведе до негов реизбор на претседателските избори во 2024 година.
„Ако тоа се случи, тоа ќе биде почеток на резиборот на Трамп“, напиша Маск на Твитер.
Претходно Трамп изјави дека федералните агенции би можеле да го уапсат по „незаконски протекувања“ и дека тоа би можело да се случи во вторник.
Трамп ги повика своите поддржувачи да протестираат доколку тоа навистина се случи.