МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СВАДБА ВО НОВИ ПАЗАР: Летале тупаници и ножеви! Еден човек е повреден

Во познат угостителски комплекс во Нови Пазар дошло до масовна тепачка, при што едно лице е повредено, откако било прободено со нож.

– Имаше свадба и потоа одеднаш дојде до тепачка. Неколку мажи се степале, а биле фрлени и ножеви. Едно лице е повредено, а едно е приведено во полиција, изјави за РИНУ еден од очевидците.

Инаку, ова е втор ваков инцидент во Нови Пазар за краток временски период, бидејќи пред неколку дена маж беше избоден со нож во слаткарница.