МАСОВНА ЧИСТКА НА ГЕНЕРАЛИТЕ ВО РУСИЈА: Пулените на Шојгу паѓаат еден по друг, Белоусов набрзина го спроведува планот на Путин (ФОТО)

Апсењата во врвот на руското Министерство за одбрана продолжија откако Андреј Белоусов го презеде раководството на овој сектор.

Последниот во низата уапсени функционери е Вадим Шамарин, заменик началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Како и многумина пред него, Шамарин беше обвинет за корупција и примање мито.

Со ова новиот министер Белоусов испрати јасна порака дека допрва доаѓа „чистењето“ на штабот на поранешниот министер Сергеј Шојгу.

Се сомнева дека министерството е оштетено поради нивна злоупотреба, а мисијата на Белоусов е итно да ги врати средствата во воената каса на Русија.

Шефот на главната управа за комуникации на руските вооружени сили и заменик началникот на Генералштабот, Вадим Шамарин, е уапсен под сомнение за примање мито.

„Судот го одобри барањето на истрагата за определување превентивна мерка во вид на притвор за Вадим Шамарин“, соопшти воениот суд на 235. гарнизон, пренесува РИА Новости.

Овој руски медиум додава дека генерал-полковникот е осомничен за примање мито „во особено големи размери“.

На Шамарин му се заканува казна затвор до 15 години под обвинение за примање мито во особено големи размери, соопшти воениот суд.

Шамарин е само последниот во низата апсења, а се започна со приведувањето на Тимур Иванов.

Министерот за одбрана Андреј Белоусов

„Кралот на митото“

Пред неколку недели, Тимур Иванов, човекот кого неговите колеги го нарекуваа „кралот на митото“, беше уапсен под обвинение за „голем поткуп“, поточно за примање „мито како дел од организирана група при извршување на договорни и поддоговорни работи за Министерство за одбрана“.

Доколку биде прогласен за виновен, на Иванов му се заканува казна затвор до 15 години, но извесно е дека во целиот овој случај има порака и за поранешниот министер за одбрана – Сергеј Шојгу.

Обвиненијата, наводно, биле изненадувачки за Иванов, но можеби и не требало, со оглед на доказите против него.

Тој беше прогласен од Форбс за најбогат човек меѓу руските офицери уште во 2019 година, неговиот „гламурозен живот“ беше предмет на цела истрага од тимот на Алексеј Навални во 2022 година, кој понатаму тврдеше дека проектите за реконструкција му овозможиле на Иванов незаконски да профитира. Најголем случај е реконструкцијата на украинскиот град Мариупол, кој беше уништен и окупиран од Русите.

Сергеј Шојгу

Јуриј Кузњецов

Неколку дена по Иванов, еден од најблиските соработници на Шојгу, Јуриј Кузњецов, началник на Главната управа за персонал на Министерството за одбрана на Русија, исто така е уапсен под сомнение за примање поткуп, изјави портпаролката на Истражниот комитет на Руската Федерација. Федерација, Светлана Петренко.

Таа рече дека главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија покренала кривична постапка против Кузњецов и дека тој е осомничен за примање поголема количина поткуп. Кузњецов е приведен.

Истрагата утврдила дека Кузњецов во периодот од 2021 до 2023 година како началник на Осмата управа на Генералштабот на руските вооружени сили „примал мито од претставници на комерцијални структури за да изврши одредени дејствија во нивна корист“.

При претресот, од осомничениот биле одземени повеќе од 100 милиони рубљи, златници, колекционерски часовници и луксузни предмети, изјави Петренко.

Гревот на Иван Попов

Четвртиот функционер на руското Министерство за одбрана кој е уапсен во изминатиот период е Иван Попов, а неговиот случај е особено важен за разбирање на расколот што се случува во Кремљ.

Иван Попов

Генерал-мајор Иван Попов (49), еден од највисоките воени команданти на Русија, е уапсен под обвинение за измама.

Тој ќе биде притворен најмалку два месеци, објавија руските државни медиуми. Се огласи и неговиот адвокат кој за агенцијата Тасс изјави дека генералот ги негира сите наводи во обвинението.

Генерал-мајор Попов беше командант на 58-та армија, а беше разрешен откако обвини дека недостатокот на артилериска поддршка е причината за големиот број загинати и ранети руски војници на фронтот. Министерството за одбрана на Русија не сакаше да ги коментира овие наводи.

Руските медиуми наведуваат дека генералот Попов е осомничен за голема измама и дека неговиот случај ќе го води гарнизонот 235 на Воениот суд.

Попов беше ставен на црната листа на Владимир Путин и военото раководство во јули 2023 година, кога рускиот офицер Андреј Гуруљов објави гласовна порака, во која самиот Попов, наводно, рекол дека бил сменет од функцијата командант откако военото раководство го обвинило за тешката ситуација фронт во Украина, каде, како што изјави, руските војници биле „прободени во грб“ поради неуспехот на военото раководство.

Руското Министерство за одбрана никогаш не го коментираше овој случај.

Офицерот Гуруљов е поранешен воен командант кој редовно се појавуваше на руската државна телевизија.

„Тоа беше тешка ситуација со властите во која требаше или да молчиш и да бидеш кукавица или да кажеш како стојат работите. Немав право да лажам во ваше име, во име на моите паднати соборци, па ги презентирав сите проблеми што постојат“, наводно рекол Попов во видеото.

Попов изјави и дека е зголемен бројот на руски војници убиени од украинските тенкови.

Попов изјави и дека е зголемен бројот на руски војници убиени од украинските тенкови, а на армијата и недостасува соодветен одбранбен систем, како и систем за извидување.

„Високите лидери очигледно се почувствуваа загрозени и во еден ден ја спроведоа наредбата на министерот за одбрана да ме смени. Украинската армија не можеше да ги пробие нашите редови на фронтот, но нашиот висок командант нè удри, сурово обезглавувајќи ја војската во најтешкиот момент“, рече генералот, кој сега е уапсен.

Мисијата на Андреј Белоусов

По оваа серија апсења, аналитичарите предупредуваат дека се можни дополнителни отпуштања, како и раководството на штабот на Сергеј Шојгу, бидејќи новиот министер Андреј Белоусов ќе работи на обезбедување средства за понатамошна војна во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека не планира никакви промени во штабот на армијата, бидејќи „борбениот дел“ успешно се изведува.

Шојгу во голема мера беше обвинет за неуспехот на Русија во раните борби во Украина.

Падна и шефот на секторот за набавки

Владимир Вертелецки обвинет за злоупотреба на службената положба

Истражните органи на Руската Федерација го уапсија началникот на одделот за набавки на руското Министерство за одбрана Владимир Вертелецки, кој е последен во серијата апсења.

Тој беше обвинет за злоупотреба на службената положба, соопшти официјалниот претставник на Истражниот комитет, Светлана Петренко.

Владимир Вертелецки
ВЛАДИМИР ВЕРТЕЛЕЦКИ ФОТОГРАФИЈА: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА/YOUTUBE/КРЕМЉ

– Началникот на секторот за набавки на Министерството за одбрана, Владимир Вертелецки, беше обвинет за злоупотреба на службените овластувања при извршување на наредбите на државната одбрана – рече таа.

Според воените истражни органи, Вертелецки во 2022 година прифатил недовршени работи според договорот со државата. Со овие дејствија тој и нанел штета на државата во износ од повеќе од 70 милиони рубљи.