Масовно труење со алкохол во Истанбул: Државите ги предупредуваат луѓето да не пијат во Турција, скокнаа даноците за време на владеењето на Ердоган, опозицијата збесна!

Министерството за надворешни работи на Холандија ги предупреди граѓаните на таа земја да избегнуваат пиење алкохолни пијалоци во Турција, бидејќи за четири дена во Истанбул починале 38 лица, а 92 се хоспитализирани по консумирање алкохол загаден со метанол.

Министерството ги предупреди граѓаните да купуваат алкохолни пијалоци само во официјални продавници каде е дозволена продажба на алкохол.

„Внимателно проверете дали шишињата се затворени. Одете само во сигурни барови и ресторани. Не пијте домашен дестилиран алкохол, на пример, на улица или во нечија куќа. Секогаш бидете внимателни со храната и пијалоците“, се додава во соопштението.

Според најновата студија објавена во Турција, метанолот често се додава во нелегално произведениот алкохол наместо етанол бидејќи е поевтин и може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Под обвинение за убиство се уапсени четворица осомничени дека го продавале тој алкохол.

Од 1 јануари досега во Истанбул се запленети 29 тони нелегален алкохол, а лиценците ги загубија 64 компании кои продаваа таков алкохол.

Некои купиле алкохол од компанија која се претставувала како туркменски ресторан во Истанбул и го продавала во шишиња од половина литар вода за по 30 лири (0,85 долари), објавија локалните медиуми.

За споредба, купувањето на еден литар турски национален пијалок во супермаркет чини околу 1.300 лири (37,20 долари).

erd.jpg

– Годишно губиме најмалку 500 животи како последица на фалсификуван алкохол. Тоа е масакр, тоа е масовно убиство и е предизвикано од даноците! – изјави Мустафа Адигузел, пратеник на најголемата опозициска партија ЦХП.

Даноците на алкохолот нагло се зголемија за време на владеењето на Реџеп Таип Ердоган.