Маховска: Замрзнувањето на цените не може да се користи долгорочно

Замрзнувањето на цените на храната е краткорочно и не е структурна мерка што може да се користи на долг рок. Само привремено и вештачки одржува ценовно ниво кое не ги одразува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, оценуваат експерти од Светска банка.

Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се отворат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна наместо да се увезува.

„Иако замрзнувањето на цените помогна да се одржи стандардот на населението во Северна Македонија, особено при најизразените поскапувања, тоа не е мерка што може да се користи на долг рок. Во овој случај, треба да поминете низ некои структурни мерки кои можат да го подобрат стандардот. Еден од нив е обезбедување квалитетни и подобро платени работни места“, изјави Јоана Маховска, економист.