Маца Дискреција ја шокира јавноста а ова не сте го знаеле за неа: Трогателна биографија но таа направи сè за да стане позната (фото)
Старлетата Сенада Нуркиќ, попозната како Маца Дискреција, на пошироката јавност и’ стана позната за време на учеството во реалното шоу „Парови“.
Маца потекнува од многу сиромашно семејство составено само од нејзината мајка Енеса Нуркиќ – никогаш не го запознала својот татко бидејќи не сакал да ја прифати како ќерка, а во медиумите се шпекулираше дека нејзиниот татко бил многу успешен и богат човек.
За време на учеството во реалното шоу, старлетата истакна дека направила сè за да стане позната, а од мали нозе пеела каде и да и’ се укажело шанса.
Маца беше позната по своите смешни изјави во реалното шоу, а тогаш онаа која привлече најмногу внимание, а за која се зборува и до ден денес е:
,,Јас сум како Титаник, никогаш нема да потонам, исто како што тој не потона.”
Во 2015 година Маца ја сними песната „Дискретно“.
Таа беше учесничка во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, по што се испроба и во улогата на водителка на ТВ Пинк, но таму не остана долго.