Мачка се заглавила на неверојатно место, погледнете колку добри луѓе ја спасија

Цело време врнеше дожд, но за среќа не доволно за да го загрози животното

Мачка скитник се нашла во безизлезна ситуација откако ја протнала главата низ бетонска шахта и се заглавила. За среќа, ја забележале жителите на провинцијата Чантабури на истокот на Тајланд.

На помош биле повикани спасувачите, кои со тежок алат пристигнале на местото на настанот, решени да го спасат несреќното животно.

Цело време врнеше дожд, но за среќа не доволно за да ја загрози беспомошната мачка.

Изгледаше многу исплашено додека луѓето креваа тешки бетонски плочи и се обидуваа да и ја турнат главата низ дупката.

На крајот, малку масло помогна , па животното беше слободно и неповредено. Ваквите приказни секогаш привлекуваат внимание на Интернет и докажуваат дека постојат добри луѓе во светот.

Видеото може да го погледнете ТУКА.