МАШКА ФРИЗУРА, РУСА КОСА И ЗГОДНА ФИГУРА: СЕВЕ НИКОЈ НЕ ЈА ПАМЕТИ ОД ОВОЈ ПЕРИОД, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ ФРАПИРАНИ
Како и повеќето пејачки, така и Северина го смени стилот.
Северина Вучковиќ плени со својот изглед каде и да се појави. Пејачката е вистински пример дека годините не и можат ништо и никогаш не изгледа подобро.
Бидејќи јавната сцена бара елеганција, а понекогаш и промена на имиџот, Северина имаше неколку трансформации во последните три децении колку што е на сцената.
Иако многумина ја знаат како атрактивна бринета, на социјалната мрежа Инстаграм се појавија фотографии кога пејачката има кратка руса коса.
Северина извесен период имаше машка фризура и ја бојадиса во сина боја.
Гламурот и сјајот се незаменлив дел од светот на шоу-бизнисот, а Севе секогаш се трудела да ги следи трендовите, а очигледно инспирацијата ја наоѓала во светските диви. Имено, на една од фотографиите од периодот кога беше русокоса, пејачка поради фризурата и тоа како наликува на Мерлин Монро .
Очигледно, овој експеримент не и се допаднал на самата пејачка, бидејќи долги години е верна на својата долга кафена коса.