Прелиминарни резултати во Црна Гора: Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ одат во вториот круг

Вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

По вчера одржаните избори во Црна Гора познато е дека во вториот круг на претседателските избори ќе се натпреваруваат кандитатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, и кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ.

Според прелиминарните резултати, врз основа на прегледаните 86 отсто од гласовите, Центарот за мониториг и истражување и Центарот за демократска транзиција, Ѓукановиќ освоил 35,4 отсто од гласовите, додека Милатовиќ освоил меѓу 28 и 29 отсто од гласовите.

Андрија Мандиќ освоил меѓу 19 и 20 отсто, Алекса Бечиќ освоил 11 отсто од гласовите, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ 3,2 отсто, Горан Даниловиќ околу 1,5 отсто и Јован Радуловиќ под 1 отсто.

Вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Претседателот на државата во Црна Гора се бира со мандат од 5 години.

Право на глас на овие избори имаа 542.154 граѓани.