Мајката го пронајде телото на својата ќерка (16) во када: Надзорните камери го снимија убиецот, а овие две прашања сè уште се мистерија

Лизбет Медина (16) беше пронајдена мртва во када во нејзиниот стан на 5 декември, а полицијата на Една во неделата објави дека Рафаел Говеа Ромеро, за кого веруваат дека е „одговорен за смртта“ на тинејџерката е уапсен во Шуленбург. „Фокс њуз“ пишува дека се работи за илегален имигрант.

Мајката на жртвата, Жаклин Медина, изјави дека не го познава осомничениот за убиството на нејзината ќерка и дека чека повеќе информации од полицијата, објави Фокс њуз.

Убиството на малото девојче ја потресе заедницата Една.

Мајката рече дека се вратила дома во вторникот вечерта кога го пронашла безживотното тело на нејзината ќерка во кадата, откако тој ден не ја слушнала и не ја видела.

– Решив да ја барам. Постојано и’ се јавував на телефон. Се јавив на други луѓе, никој ништо не знаеше. Дури кога влегов во бањата… ја видов нејзината нога во кадата. Ја поместив завесата и ја видов – рекла таа.

Мајката кобниот ден во 6:00 часот заминала на работа. Таа рече дека ја разбудила ќерка си пред да замине за да се подготви за вежбање со навивачкиот тим. Лизбет требаше да учествува на божиќната парада. Но кога мајката дошла на местото на настанот не можела да ја најде.

Последен пат некој кој се слушнал со Лизбет беше околу 8:30 во вторник наутро. После тоа нејзините роднини и пријатели помислиле дека батеријата на телефонот и’ се испразнила.

Претходниот ден, во понеделникот, Лизбет отсуствуваше од училиште поради болест, па за никого не беше невообичаено што таа не се појави ниту во вторник.

– Не разбирам зошто. Зошто некој би ѝ го направил тоа? Таа беше толку убава, паметна, неверојатна девојка. Има моменти кога едноставно не можам повеќе да издржам, а потоа има моменти кога чувствувам дека треба да бидам силна за неа – рекла мајката, додавајќи дека таа и нејзината ќерка се преселиле од Небраска во Тексас поради работа и дека двете од нив биле единствените кои ги имале клучевите од куќата.стан.

Ромеро беше уапсен еден ден откако полицијата во Една ја објави снимката од надзорните камери на осомничениот, но останува нејасно како влегол во станот и дали ја познавал жртвата.