САД: Вработените на Гугл протестирале поради соработката на компанијата со Израел

 – Стотици луѓе, вклучувајќи ги и вработените на Гугл, се собраа во четвртокот пред канцеларијата на мултинационалната компанија во американскиот град Сан Франциско за да протестираат против проектот на технолошкиот див со Израел.

Барајќи од Гугл да се откаже од својот проект Nimbus, вреден 1,2 милијарди долари, кој е започнат 2021 година со цел давање услуги на Израел, некои од демонстрантите легнаа прекриени со бел чаршав на кој со шарените карактери на Гугл пишувало „Геноцид“.

Еден од вработените на компанијата и член на Демократските социјалисти на Америка, рече дека „нема технологија за апартхејд“ и додаде:

„Тука сум во противност со израелскиот систем на апартхејд кој ги ограничува палестинските права и им става крај на палестинските животи, систем кој мојот работодавач материјално го поддржува со свое учество во Проектот Nimbus.“

Демонстрантите носеле палестински знамиња и транспаренти на кои пишувало: „Отфрлете го проектот Nimbus“, „Не биди зол = не поддржувај геноцид“, „Нема технологија за геноцид“ и „Нема технологија за апартхејд“.

Од компанијата информираат дека Израел проектот ќе го користи во полето на финансии, здравство, транспорт и образование и дека нема да има никаква врска со воената практика на таа земја.