Повеќе од 18.800 Палестинци се убиени во израелските напади на Појасот Газа

– Бројката на убиени Палестинци во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега се зголеми на 18.800, соопштија локалните власти.

Во соопштението на владината канцеларија за медиуми со седиште во Газа, 51.000 Палестинци досега се ранети во израелските напади на палестинската енклава.

Во продолжение се додава дека меѓу убиените 8.000 се деца, а 6.200 се жени.

Се напоменува дека израелската војска предизвикала „хуманитарна катастрофа без преседан“ и огромни разорувања во Појасот Газа.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.