Мајката на Алексеј Навални го видела телото на својот син

Људмила Навални денеска објави дека успеала да го види телото на нејзиниот син Алексеј Навални.

„Ме уценуваат, поставувајќи услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј“, рече таа.

Алексеј почина во петокот во казнена колонија во Русија, а неговото семејство оттогаш со денови се обидува да го земе неговото тело.