МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ ПОБАРАЛА ДА СВЕДОЧИ ПРЕД УБИЈЦИТЕ НА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА: Ивана и Милош видно потресени плачеле додека сведочеле: Завршено рочиштето во Бор!
Во Вишото јавно обвинителство Заечар штотуку заврши рочиштето на родителите на убиената Данка Илиќ (2) од Бор. Како што дознават српските медиуми, Ивана и Милош Илиќ дале искази посебно, прво таткото, а потоа мајката.
Според српските медиуми, на распитот на родителите на убиеното девојче присуствувале и обвинетите за нејзината смрт – Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50).
– И Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ биле во собата кога сведочеле мајката и таткото на малата Данка. На мајката и објаснивме дека со закон ќе го спречиме присуството на обвинетите, но таа ни одговори, што сите не изненади, дека воопшто не и пречело што двајцата ќе бидат присутни. Така, по желба на мајката, не го спроведовме она што веќе го решивме вчера, а тоа е да ги спречиме убијците да бидат на неколку метри од бремената мајка чие дете, како што се сомнева, е брутално убиено – неофицијално дознаваат од обвинителството во Заечар.
Таткото и мајката, на рочиштето не кажале апсолутно ништо ново.
Тие ги раскажаа движењата на тој ден, на 26 март, кога исчезна Данка, а подоцна се испостави дека е убиена, бидејќи тоа прашање им го поставил обвинителот. И двајцата родители биле видно потресени, додека зборувале паднале неколку солзи, но не кажале ништо ново што јавноста веќе не го знае.
Обвинителството не сака да зборува за однесувањето на мајката и таткото на средбата со убијците за да ги заштитат како што велат повредените родители.