Уапсен 73-годишен од Крушево, во неговиот дом пронјадени оружје и дрога

Уапсен 73-годишен крушевчанец во чиј дом полициски службеници завчера пронашле оружје и дрога. Тој бил приведен во полициската станица Прилеп и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

– На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода  крушевчанецот В.Ц.(73). При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопштуваат од полицијата.

Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави