Вработените во ФЗО предупредуваат на штрајк доколку нивните барања не се исполнат до 1 јуни

Вработените во Фондот за здравствено осигурување во 11 часот излегуваат на предупредувачки протест поради незадоволство од неусогласувањето на платите со покачувањето на минималната плата“, соопштија од Синдикатот на УПОЗ.

Вработените во ФЗО најавија дека доколку не се исполнат нивните барања, ќе штрајкуваат од 1 јуни.

Тие бараат во текот на месец мај да се разреши Управниот одбор и да се именуваат нови членови кои ќе овозможат усогласување на платите на вработените, за да не се намалат примањата од 1 јуни. Станува збор за сума од 2.400 денари.

Според информациите на „Слободен печат“, на крајот на минатата недела имало состанок на Управниот одбор на Фондот, на кој на дневен ред било усогласувањето на платите на вработените. Но, членовите на Управниот одбор изгласаа дека нема да се расправа, односно ја тргнаа таа точка од дневен ред и ја оставија за по изборите.