МОДАТА СЕ МЕНУВА – Дејвид Бекам во интересно издание на Париската модна недела: Се појави во сандали и чорапи

Дејвид Бекам привлече внимание со своето модно издание на модната недела во Париз. Имено, тој се појави во сандали и чорапи.Остатокот од неговиот аутфит е поелегантен – носел костум. Тој беше во друштво на Ана Винтур и неговите синови Круз и Бруклин. Пристигнаа да ја поддржат Викторија Бекам, која овде ја претстави својата нова колекција.

„Гледам дека Дејвид се обидува да започне модна револуција“, „Изгледа како да е од Балканот“, „Модата јасно се менува“, „Изгледа на Винтур не и пречи неговата облека“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Твитер

Како што е веќе познато, Дејвид пред модната ревија на социјалните мрежи објави видео од неговата 12-годишна ќерка Харпер како се шминка. Но, она што привлече внимание е тоа што на крајот ја бакна во уста.

Додека некои веруваат дека нема ништо лошо во ова и дека тоа е едноставно израз на љубов меѓу таткото и ќерката, други изјавиле дека ваквото однесување не е нормално.