Ахмети: Албанските партии да не ги повторуваат грешките од минатото

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ја продолжи кампањата во рамки на парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

Тој на митингот во Желинo испрати порака до опозициските албански политички партии во која им порача „да не ги повторуваат грешките од минатото“.

„Политичките партии на Албанците да не прават грешки што се правеа во минатото и да чекаат бонбони. Народот одлучува кој го претставува народот. Народот го кажа својот збор на 24 април“, рече Ахмети.

Тој ја продолжи дебатата на дистанца со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека „УЧК е историјата на оваа држава“.

„Да станеме рационални, транспарентни бидејќи ОВК е историјата на оваа земја. рече меѓу другото Ахмети.